Зеленски ја повика Италија да инвестира во одбраната на Украина

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски ја повика Италија да инвестира во одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека би бил задоволен доколку Италија инвестира во одбраната на неговата земја од Русија, додавајќи дека фокусот на Киев во моментов е на набавка на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и дронови.

Тој ѝ се заблагодари на италијанската премиерка Џорџа Мелони за организирањето на Конференцијата за обнова и реконструкција на Украина во Рим, истакнувајќи дека „заедно ја зајакнуваме иднината на Украина“.

- Наш главен приоритет во моментов е противвоздушната одбрана и производството на дронови, особено пресретнувачи. Би биле среќни да видиме италијански инвестиции во сè што денес ги штити животите во Украина и што ќе помогне во заштитата на Италија утре, напиша Зеленски на Х.

Тој додаде дека ја цени подготвеноста на Италија да го преземе покровителството во обновата на Одеса. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата