- Не се плашиме. Нема победници во трговска војна, а одењето против светот само ќе доведе до самоизолација, му рекол Си на Санчез денеска во Пекинг, јави државната телевизија ЦЦТВ.
Си рече дека Кина 70 години се потпира исклучиво на „напорна работа“ и оти земјата ќе остане фокусирана на „управување со сопствените работи“ без оглед на околностите.
Санчез рече дека Шпанија е посветена на балансирани односи меѓу Европската унија и Кина засновани на преговори за решавање на разликите и соработка во областите од заеднички интерес, пренесе Си-Ен-Ен.
На почетокот на средбата, Санчез рече дека Шпанија ја гледа Кина како партнер на ЕУ.
- Сакаме да работиме на прашања од заеднички интерес, промовирајќи ја трговијата и инвестициите на балансиран начин за да имаме корист од нашите визии за развојот на нашите земји и сакаме да поттикнеме поблиски врски меѓу нашите општества, му рече Санчез на Си.
Кинескиот лидер истакна дека ова е трета посета на Санчез на земјата во последните три години, додавајќи дека зајакнувањето на билатералните односи во сегашниот глобален контекст промовира мир, стабилност и просперитет.
Стоката увезени од Кина во САД сега подлежи на царини од најмалку 145 отсто, соопшти вчера Белата куќа.