Путин и емирот на Катар ќе се сретнат во Москва за да разговараат за ситуацијата во Украина

16.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин и емирот на Катар ќе се сретнат во Москва за да разговараат за ситуацијата во Украина

„Путин и емирот на Катар ќе разменат мислења за украинските прашања, ќе бидат разменети мислења и за регионални прашања“, рече Песков.

Тој истакна дека Блискиот Исток „изобилува со потенцијал за конфликт“, а Катар одигра многу важна улога во регулирање на голем број ситуации.

Катар постојано се обидуваше да дејствува како посредник меѓу Русија и Украина и помогна во организирањето на враќањето на децата од двете страни кои беа одвоени од нивните семејства за време на војната.

„Високо го цениме потенцијалот и сегашното ниво на нашата трговско-економска соработка и, се разбира, нашиот доверлив дијалог за многу теми, вклучително и за најчувствителните“, додаде Песков.

Фото: ЕПА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата