Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека владата на земјата повикува на прекин на огнот и мировни преговори во Украина веќе три години, уште од избивањето на војната таму, и дека е „критикувана сите овие години“ поради ваквиот став.
„По три години, прашањето за прекин на огнот и почеток на мировните преговори е конечно на маса“, рече Сијарто, додавајќи дека ако тоа се случеше порано, „стотици илјади луѓе ќе беа поштедени од смрт, милиони немаше да мора да бегаат, а штетата ќе беше намалена за стотици милијарди евра“.
Украина го прифати американскиот предлог за воведување 30-дневен прекин на огнот, а САД ќе ја прекинат паузата во обезбедувањето разузнавачка и безбедносна помош за Украина, изјавија вчера официјални лица од двете земји по состанокот во Џеда.