Швајцарските глечери годинава се топат со алармантна брзина

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарските глечери годинава се топат со алармантна брзина

Денот на губење на глечерите се одбележува секоја година од истражувачите во Швајцарија. Тоа е моментот кога целиот снег и мраз што се насобрале на глечерот во текот на зимата се топат.

Во зависност од глечерот, оваа година тој пристигнал дури кон крајот на јуни или почетокот на јули.

-Во некои региони на североисточна Швајцарија, никогаш не сме имале толку мала количина снег на глечерите на крајот на зимата, изјави истражувачот Андреас Баудер за планинските услови пред летните месеци.

„Додека има снег на земјата, мразот нема да се стопи. Но, оваа година, топењето на снегот започна кон крајот на мај и продолжи брзо во текот на јуни и јули“, рече тој.

Во Швајцарија, снежната и ледената покривка се мерат детално секоја пролет и есен на околу 20 од приближно 1.400 глечери во земјата. Помеѓу 10 и 15 од нив се следат и во текот на летото. Овие набљудувања се користат за да се одреди Денот на губење на глечерите.

Меѓу најголемите глечери во Швајцарија се глечерите Алетш и Горнер.

Во споредба со минатата година, летото започна оваа година со многу помали резерви на снег, според Баудер. И покрај ова, глечерите сепак изгубија повеќе маса во 2024 година отколку што добија во текот на зимата. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата