Шестгодишно девојче е уапсено поради убиство на амбасадор- била терорист

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шестгодишно девојче е уапсено поради убиство на амбасадор- била терорист

Девојчето е уапсено со уште 16 возрасни лица, 13 мажи и три жени. Тие се осомничени за организирање и извршување на убиството на Чо Хтун Унг (68), пензиониран бригаден генерал кој исто така служел како амбасадор, кој беше убиен во Јангон на 22 мај.

Според извештаите, пензионираниот генерал Унг - кој бил професор по воена безбедност на воената академија - наводно бил брутално убиен од група „Воини од Златната долина“ пред неговиот дом на авенијата Аеван во општината Маријанкон, Рангун.

Се верува дека девојчето кое било уапсено е ќерка на еден од атентаторите.

Војската на земјата вели дека на 23 мај запленила велосипед за кој се сомнева дека бил користен во убиството на Унг.

Два дена подоцна, во округот Њаунг У, властите го уапсија 28-годишниот Ко Мјо Ко Ко (познат како Саи Ко Ко) и неговата 24-годишна сопруга Мје Пон Мје Пон и нивната шестгодишна ќерка Мје Лин Ле Ше, се вели во соопштението.

Државата, исто така, го сомничи Ко Мјо Ко Ко за учество во бруталните убиства на високи функционери во 2023 година, вклучувајќи го и убиството на У Тант Тун, претседател на Новата народна демократска партија.

Медиумските извештаи велат дека за време на егзекуцијата на генералот Саи Ко Ко, тој бил ранет во ногата, а сопствениците на локалната болница и еден лекар биле дополнително уапсени под сомнение дека му пружиле медицинска нега.

Досега, групата „Воини од Златната долина“ официјално не ги потврдила обвинувањата на војската.

Убиениот пензиониран генерал Чо Тун Унг беше поранешен амбасадор во Камбоџа и предавач на Националната одбранбена академија, специјализиран за безбедност и борба против тероризмот и меѓународни односи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата