Северна Кореја тврди дека тестирала нов систем за лансирање крстосувачки ракети

27.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја тврди дека тестирала нов систем за лансирање крстосувачки ракети

Тестовите беа спроведени вчера, објави државната новинска агенција КЦНА. Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг испалил неколку балистички ракети со краток дострел, помалку од 300 километри, и артилериски ракети од областа околу северозападниот град Џонџу.

Лансирањата беа „дел од планот за модернизација на артилеријата и ракетните сили за да се постигне петгодишната цел за развој на националната одбрана“, соопшти KCNA.

„Тестовите ја анализираа и оценија моќта на боевата глава на тактичка балистичка ракета со специјална намена, сигурноста на... артилериска ракета со продолжен дострел што користи високопрецизен автономен навигациски систем и точноста на тактичка крстосувачка ракета водена од вештачка интелигенција“, додаде агенцијата.

Ким наводно ги пофалил тестовите, велејќи дека тие се показатели за технички напредок во зајакнувањето на борбената моќ на Северна Кореја. Тоа беше осмиот тест на балистичка ракета на Пјонгјанг оваа година. Северна Кореја последен пат испали неколку ракети со краток дострел на 19 април.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата