Сенатот на САД не изгласа резолуција за блокирање на глобалните царини на Трамп

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сенатот на САД не изгласа резолуција за блокирање на глобалните царини на Трамп

Републиканците во Сенатот на американскиот Конгрес со тесно мнозинство го отфрлија предлогот на демократите за резолуција со која ќе се блокираат глобалните тарифи воведени од американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, а чија имплементација беше одложена за 90 дена.

Суспензијата на американските царини за голем број земји низ целиот свет, што требаше да стапи на сила на 9 април, е одложена за 90 дена, освен за Кина.

Американските царини кон Кина се зголемени на 125 проценти. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата