Се обрати Зеленски, неговата порака нема да му се допадне на Трамп

25.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се обрати Зеленски, неговата порака нема да му се допадне на Трамп

„Верувам дека Русија можеше да влијае на одредени луѓе во Белата куќа преку информации“, рече Зеленски во интервју за Тајм, објавi Њусвик.

Според неговата проценка, Русите им сигнализирале на Американците дека Украина не сака војната да заврши и дека треба да се направи нешто за да се натераат Украинците на тоа.

Зеленски, претходно го обвини Трамп дека е „заробен во руски балон на дезинформации“, забелешка што го налути американскиот претседател и неговите сојузници.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата