САД се заканува дека „ќе крене раце“ од Украина: Обид за притисок или нова неизвесна фаза?

19.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД се заканува дека „ќе крене раце“ од Украина: Обид за притисок или нова неизвесна фаза?

 Професорот Методи Хаџи Јанев за Канал 5 вели дека најавите на Трамп за прекин на мировните преговори доколку следните денови нема конкретен напредок се реални.

-Јас мислам дека е извесно тоа да се случи и дека ќе го прекинат тоа, дека ќе ги прекинат преговорите, но не гледам што ќе значи тоа за преговорите и за мирот. Во исто време тоа може да биде и сериозен да кажам бумеранг во однос на целата таа политика коишто они ја водеа. Тоа да го искористи опозицијата во САД како класичен крах на неуспех бидејќи веќе се доведени под знак прашање ефектот од тарифите коишто ги воведуваат, ова би било втор удар.Го има истиот проблем со Иран, го има проблемот сега со Кина нерешен, ќе го има проблемот сега и со Русија ако се повлечат од овие преговори и автоматски тоа би можело да значи сериозен крах на целата таа кампања,-- проф. Методи Хаџи Јанев.

Доколку САД, како најмноќна светска сила, се повлечат од обидите за мир, извесно е дека војната ќе продолжи без нејзиниот крај воопшто да биде на повидок... Хаџи Јанев смета дека двете страни се силно убедени во нивната доминација на бојното поле, што за светот не е добра вест.

-На бојното поле мислам дека нема да се смени ништо посебно, освен ако САД не реши да заземе целосна страна и физички да влезе во конфликтот што значи трета светска војна, бидејќи во тој случај одиме на сценариото коешто претходно го заговараше претходната администрација.На меѓународен план тоа би значело Русија да излезе надвор од границите на Украина или со ова да се доведе до некоја ситуација во која таа ќе биде поразена. Секое такво чувство за Путин во моментот ќе значи пораз, а тој пораз ќе значи егзистенцијално чувство во коешто тие ќе се повикаат на нивната нуклеарна доктрина и тука веќе е многу опасно да зборувате понатаму,-- проф. Методи Хаџи Јанев.

Според информациите во светските медиуми, мировниот план на САД е да го признаат Крим за руска територија, а прекинот на огнот да биде долж моменталната линија на фронтот. Тој им бил претставен на европските и украинските претставници на состанокот во Париз во четвртокот, а разговорите би требало да продолжат следната недела во Лондон.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата