Путин прогласи ВЕЛИГДЕНСКО ПРИМИРЈЕ (ВИДЕО)

19. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин прогласи ВЕЛИГДЕНСКО ПРИМИРЈЕ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи велигденско примирје, кое ќе започне денеска во 18 часот и ќе трае до недела на полноќ по московско време.

„Водени од хуманитарни причини, денес од 18 часот до недела на полноќ, руската страна објавува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени операции за овој период“, изјави Путин за новинарите.

Тој посочи дека руските вооружени сили мора да бидат подготвени да одбијат евентуални прекршувања и провокации на непријателот, пренесува РИА Новости.

„Текот на прекинот на огнот ќе покаже колку режимот во Киев сака и е способен да го реши прашањето по мирен пат“, нагласи Путин.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата