Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Рубио го обвини амбасадорот Ебрахим Расул дека „ја мрази Америка и претседателот Доналд Трамп“. Тој го нарече „политичар што ги разгорува расните тензии“ и додаде дека „нема за што да разговараат со него“.
Напнатоста меѓу САД и ЈАР расте откако Трамп дојде на власт. Минатиот месец, американскиот претседател потпиша уредба со која ја запира финансиската помош за Јужноафриканската Република, обвинувајќи ја земјата за „неправедна расна дискриминација“ против белите Африканци.
Јужноафриканската влада ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека нивниот закон за експропријација не е поврзан со расна дискриминација. /МИА