На состанокот се очекува да учествуваат 25 лидери, а Стармер порача дека не смее да му се дозволи на Путин да „игра игри“ со предлогот за прекин на огнот што го даде американскиот претседател Доналд Трамп.
Британскиот премиер ги повика сојузниците да ѝ понудат безбедносни гаранции на Украина. Виртуелниот самит е дел од иницијативата „коалиција на подготвените“, која Стармер ја најави при неодамнешната посета на европските лидери во Лондон.
САД предложија 30-дневен прекин на огнот, што го поддржува украинскиот претседател Володимир Зеленски, но Москва сè уште не го прифати. Трамп, сепак, останува оптимист, оценувајќи дека неговите неодамнешни разговори со Путин биле „добри и продуктивни“. /МИА