САД објавија нова политика за визни ограничувања против странци кои „цензурираат“ Американци

28.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД објавија нова политика за визни ограничувања против странци кои „цензурираат“ Американци

„Неприфатливо е странски службеници да издаваат или да се закануваат со налози за апсење на американски државјани или жители за објави на социјалните медиуми на американски платформи додека тие физички се наоѓаат на американска територија“, наведе во соопштение американскиот државен секретар Марко Рубио.

Тој додаде дека е „подеднакво неприфатливо“ странски службеници да бараат од американските технолошки платформи да модерираат содржина.

Државниот секретар на САД не именуваше конкретни земји или поединци, но истакна дека некои странски службеници презеле „смели цензурни мерки против американските технолошки компании и Американците за кои немаат овластување да преземат“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата