Руте утре и задутре ќе биде во Вашингтон каде ќе се сретне со Трамп, Рубио и Хегсет

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте утре и задутре ќе биде во Вашингтон каде ќе се сретне со Трамп, Рубио и Хегсет

Не е наведена непосредната причина за посетата на Руте, но Трамп во неодамнешното интервју за Ен-Би-Си Њуз рече дека САД се подготвени да испорачаат оружје на Украина преку НАТО.

Тој, исто така, додаде  дека утре ќе има „важна изјава“.

Администрацијата на Трамп досега испрати во Украина само оружје што беше одобрено од поранешниот претседател Џо Бајден, цврст поддржувач на Киев.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата