Ајкула нападна седумгодишно дете додека пливал во плиткото со другарите- остана без двете нозе

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајкула нападна седумгодишно дете додека пливал во плиткото со другарите- остана без двете нозе

Детето преживеало благодарение на брзата реакција на спасувачите кои рекоа дека раната на нозете на момчето е длабока.

„Никогаш не сум видел нешто слично“, изјавија од медицинскиот тим, објави Дејли Меил.

Инцидентот се случил во заливот Таихе на островот Нуку Хива во Француска Полинезија во петокот, 25 јули.

Момчето си играло во водата со околу десет други деца кога било нападнато од ајкулата, објави весникот „Сан“.

Детето е итно префрлено во локалната болница, а потоа со хеликоптер во поголема болница.Спасувачот објасни дека нападот веројатно е поврзан со мртви риби што рибарите ги фрлаат во морето.

„Има многу ајкули, како што се црноверни ајкули, чекан ајкули и лимонови ајкули“, објасни тој.

Спасувачот потоа додаде дека неговите мисли се со момчето и неговото семејство во овој тежок момент.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата