Најголем број беспилотни летала – 20 се пресретнати над Белгородската област, 14 над регионот Курск, а девет над Липецка област. По осум дронови се елиминирани над Брјанска, Вороњешка и Московска област.
Седум дронови беа уништени над Црното Море, а три дронови беа елиминирани над териториите на Новгородска, Тверска, Тамбовска и Ленинградска област. Два дрона беа уништени над Орелска област, по еден над Владимирска област, Краснодарска област и Република Крим, се наведува во соопштението на руското МО.