Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Манила

23.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Лавров во Манила

Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила во утринава

Ниту еден од нив не одговори на прашањата од новинарите за тоа дали Русија го поддржува Иран со тоа што помага во таргетирањето на американските трупи или дали Москва планира да ја запре својата целосна инвазија на Украина.

Во соопштението од Стејт департментот подоцна беше потврдено дека двајцата претставници разговарале за „односите меѓу САД и Русија и потребата од прекин на војната меѓу Русија и Украина“.

Претходно, Рубио беше прашан дали планира да изврши притисок врз Лавров за Украина за време на нивниот состанок.

„Очигледно е дека војната во Украина во многу аспекти ја попречи способноста на Русија и САД да се договорат за други теми, но тоа не значи дека нема да бараме да најдеме други области за  потенцијална соработка“, рече тој.

На прашањето каква улога играат САД во постигнувањето крај на војната меѓу Русија и Украина, со оглед на тоа што разговорите се распаднаа, Рубио рече: „можеби сега постојат нови услови што ќе овозможат тој разговор да се случи“.„

Тоа е една од работите што ќе ги истражиме утре во нашиот разговор“, додаде тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата