Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ретаљо: Уапсено 21 лице во голема акција против нарко-картелите во Марсеј

Операцијата беше спроведена многу рано утринава и доведе до 21 апсење поврзани со нарко - картел, пишува Ле Фигаро.

„Очекуваме ова да овозможи разбивање на значајна мрежа во Марсеј“, рече Ретаљо на прес-конференција за време на посетата на градот.

Операцијата се фокусираше на мрежа во населбата Ла Кастелан, лоцирана во северните делови на Марсеј, позната како жариште на трговија со дрога и симбол на борбата против организираниот криминал во вториот по големина град во Франција, јавувааат француските медиуми.

Министерот нагласи дека „речиси сите цели“ на акцијата се идентификувани и приведени.

Во операцијата учествуваа 170 истражители, вклучително и елитните единици РАИД и специјализирани интервентни бригади, како и меѓународната агенција Европол.

„Стануваа збор за виссокорангираани членови на мрежата“, рече Ретаљо, изразувајќи надеж дека акцијата му нанела „смртоносен или барем многу сериозен удар“ на криминалниот синџир.

Иако минатата година беше спроведена голема операција, трговијата со дрога во Ла Кастелана не е целосно запрена. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата