Песков: Со членките на БРИКС водиме разговор за формирање алтернатива на Меѓународниот суд

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Со членките на БРИКС водиме разговор за формирање алтернатива на Меѓународниот суд

Русија ќе води дијалог со другите земји-членки на БРИКС за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште не сум запознаен со сите детали од таа иницијатива, но секако дека е разработена. За ова ќе продолжиме да водиме дијалог со нашите партнери“, рече Песков.

Претходно денеска, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предложи да се истражи можноста за создавање алтернатива на Меѓународниот кривичен суд.

Медведев оцени дека Меѓународниот кривичен суд извршил сериозни прекршувања на принципите на меѓународното право и покажал политичка пристрасност. Тој нагласи и дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин како шеф на суверена држава има апсолутен имунитет од кривична јурисдикција.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата