„Да се подели НАТО и да се наруши атлантската алијанса ...Уште од времето на Русија под Јосиф Сталин, тоа беше единствената цел (на Москва), а американскиот претседател ја остварува таа заветната желба на Сталин, рече Емануел, пренесе изданието Хил.
Според него, актуелната американска администрација ги остварува „сите цели на руската надворешна политика“, вклучително и со тоа што прифаќа билатерални преговори со Москва.
Тој им порача на европските елидери да испратат свои преговарачи бидејќи на САД им треба „надзор од возрасни“.
-Да бев европеец, ќе речев: ‘Одлично, одиме. Да седнеме на преговарачката маса’. Бидејќи тимот на Соединетите Држави има потреба од надзор од возрасни, истакна поранешниот американски дипломат./МИА