Зеленски по разговорот со шведскиот премиер Улф Кристерсон на Х напиша дека со него споделил детали од неговиот конструктивен состанок со американскиот пратеник Кит Келог.
- Мораме да бидеме апсолутно јасни: ништо за Украина без Украина, ништо за Европа без Европа, истакна украинскиот претседател.
- Работиме на заедничка визија за безбедносни гаранции. Одлуката мора да биде донесена пред да почнат какви било потенцијални преговори, а Европа мора да биде на масата. Она што ни треба е мир – праведен и траен мир, а не само привремен прекин на огнот, напиша Зеленски./МИА