„Водени од хуманитарни причини, денес од 18 часот до недела на полноќ, руската страна објавува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени операции за овој период“, изјави Путин за новинарите.
Тој посочи дека руските вооружени сили мора да бидат подготвени да одбијат евентуални прекршувања и провокации на непријателот, пренесува РИА Новости.
„Текот на прекинот на огнот ќе покаже колку режимот во Киев сака и е способен да го реши прашањето по мирен пат“, нагласи Путин.
Путин ги повика и претставниците на властите во Киев да „го следат примерот на Русија“. „Русија отсекогаш била подготвена за преговори и ја поздравува желбата на САД, Кина и другите земји да постигнат договор за Украина“, рече Путин.