Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е!

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е!

„Претседателот на САД повторно јавно зборува за тоа да нè анектира. Доста е!“, напиша Егеде на Фејсбук.

Претходно денеска, Трамп изјави дека е уверен оти Гренланд еден ден ќе стане дел од САД.

- Мислам дека тоа ќе се случи, изјави тој во Белата куќа, одговарајќи на новинарско прашање за можна анексија на Гренланд.

Оваа изјава доаѓа само два дена по парламентарните избори во Гренланд, на кои победи про-бизнис партијата Демократит, која поддржува постепен премин кон независност.

Данска веднаш одговори со став дека „Гренланд не е на продажба“, повторувајќи ја својата позиција од 2019 година, кога Трамп за првпат го изрази интересот за купување на островот.

„Овие избори се добри за САД“, коментираше Трамп, но не прецизираше што подразбира под тоа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата