Пожарот во Лондон е ставен под контрола

21.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожарот во Лондон е ставен под контрола

Во објава на Х службата додава дека ќе почне истрага за случајот.

Пожарот избувна на електрична трафостаница која го снабдува со струја аеродромот, во Хејс, западен Лондон.

Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и локални бизниси. Пожарникарите евакуираа 29 лица од соседните имоти и беше воспоставен кордон од 200 метри како мерка на претпазливост, при што беа евакуирани околу 150 луѓе. Поради големиот чад, жителите беа советувани да ги држат прозорците и вратите затворени.

Пожарникарите биле повикани во 23:23 часот, а екипи од Хејс, Хитроу, Хилингдон, Саутхол и околните противпожарни станици биле испратени на местото на настанот. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата