Полска и НАТО ја засилуваат одбраната- започна операцијата „Истрочна стража“

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полска и НАТО ја засилуваат одбраната- започна операцијата „Истрочна стража“

На вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич порачаа дека ја започнуваат операцијата „Источна стража“ за да се зајакне позицијата на НАТО, оценувајќи ги руските беспилотни летала над Полска како непромислен потег. Досега неколку држави најавија учество на мисијата, меѓу кои и Данска, Франција, Германија и Велика Британија.

-Како одбранбена алијанса секогаш сме спремни да се одбраниме.Што и да има направено (Русија), тоа е непромислено, тоа е неприфатливо и не можеме да прифатиме руски дронови да влегуваат на воздушниот простор над воздушниот простор на Европа, Европската Унија или НАТО. Тоа е апсолуно невозможно и затоа треба да се браниме од тоа.-Марк Руте.

-Сојузниците се солидаризираат со Полска и се посветени на овој потфат. Веќе имаме најава за распоредување од страна на Франција, Германија, Данска и Велика Британија и наскоро очекуваме уште неколку други.- Алексус Гринкевич.

Дел од експертите за активирањето на членот 4 од страна на Полска го толкуваат само како политички чекор и дека понатаму НАТО би требало да преиспита како понатаму да се однесува во однос на Русија. Професорот Методи Хаџи Јанев за Канал 5 објасни дека Полска заедно со балтичките земји веќе го имаат активирано овој член и пред три години, но не биле преземени никакви понатамошни чекори.

-2022 година веќе Полска заедно со балтичките земји го активираа членот 4 и немаше никаква реперкусија, односно не видовме никакви конкретни чекори, освен тоа дека се зајакна распоредот на трупи кои треба да имаат одвраќачка улога. Но, за да ја одвратите Русија треба малце повеќе, а тоа е да покажете малку повеќе капацитет дека имате за да војувате во темпо и начин како што тоа го наметна Русија.Преголемото активирање на членот 4 без да има некоја реперкусија може да биде само контрапродуктивен, иако засега, всушност, како што кажав неговиот политички импакт е огромен бидејќи тоа треба да значи дека НАТО е сериозен и сериозно размислува за одвраќачки чекори против Русија.-Хаџи Јанев .

Членот 4 најмногу пати го искористиле Полска и Русија. Јанев за ова повторно активирање на членот вели дека би можел да претставува ризик бидејќи без активирање на членот 5 се намалува моќта на член 4 и од страна на Русија би се толкувал само како празна реторика без акција на терен.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата