Песков: Кремљ ја поддржува идејата за прекин на огнот

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Песков: Кремљ ја поддржува идејата за прекин на огнот

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ја поддржува идејата за прекин на огнот со Украина, но смета дека е неопходно да се разјаснат сите сомнежи во врска со официјалните позиции на Киев, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Претседателот Путин навистина ја поддржува идејата за потребата од прекин на огнот, но пред тоа треба да се одговори на цела низа прашања кои сè уште лебдат во воздухот бидејќи никој не одговорил на нив. Тоа е поврзано со непредвидливоста на режимот во Киев и нивната неспособност да ги контролираат акциите на цела низа екстремистички и националистички единици кои едноставно не ги почитуваат одлуките на украинскиот режим, рече Песков на новинарско прашање, пренесен од руските медиуми.

Според портпаролот на Кремљ, ова прашање е поврзано и со плановите за натамошна милитаризација на Украина, што значи дека сите овие грижи се уште се на дневен ред.

-Руската армија изведува напади исклучиво врз воени и паравоени цели во Украина. Не се вршат напади врз украинската цивилна инфраструктура“, нагласи Песков.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата