Трамп се закани со дополнителни царини за Кина

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина

Трамп се закани дека ако Кина не се повлече, доплнителните царини за увоз на кинески стоки ќе стапат во сила на 9 април.

-Покрај тоа, сите преговори со Кина во врска со побараните состаноци ќе бидат прекинати! Преговорите со другите земји, кои исто така побараа состаноци, ќе започнат веднаш, напиша Трамп денеска на социјалната мрежа „Трут соушал“.

Минатата недела Вашингтон воведе царини од 10 отсто за речиси сите земји во светот, и дополнителни, индивидуално зголемени царини за десетици други земји кои, според Белата куќа, ставиле високи бариери за увоз од САД. Тој рече дека нема да отстапи од својата трговска војна, со што се засилија стравувањата од глобален економска криза. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата