Пелегрини и Павел: Односите меѓу Словачка и Чешка не треба да бидат водени од емоции

5.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пелегрини и Павел: Односите меѓу Словачка и Чешка не треба да бидат водени од емоции

Пелегрини побарал од Павел за време на разговорот во замокот Славков кај Брно во Чешка да интервенира поради, како што рече, негативното претставување на Словачка во чешките медиуми.

„Би ги замолил луѓето во Чешка и Словачка да не дозволат да бидат под влијание на какви било политички случувања“, истакна Пелегрини.

Тој посочи дека тоа е неопходно поради тоа што секоја влада и во Чешка и во Словачка претставува само кратка епизода во животот на луѓето и поради тоа што ситуацијата може да се промени по изборите./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата