Патници совладаа тинејџер, кој се обидел да влезе во авион вооружен со пушка (ВИДЕО)

6.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Патници совладаа тинејџер, кој се обидел да влезе во авион вооружен со пушка (ВИДЕО)

Државната полиција на Викторија интервенирала и го уапсила осомничениот откако патниците го совладале.

Инцидентот се случил попладнево кога осомничениот, облечен во рефлективен елек со алат, поминал низ дупка во оградата на аеродромот Авалон и стигнал до авионот. Откако се качил по скалите и влегол во кабината, патниците забележале дека носи огнено оружје. Брзо реагирајќи, тројца патници го совладале и го држеле под контрола до доаѓање на полицијата.

Еден од патниците, кој седел напред во авионот, рекол дека младиот човек првично се однесувал како член на персоналот на аеродромот, но дека набрзо му станало сомнително. "Стјуардесата го запре и почна да го испрашува, а тој стана нервозен. Набрзо се појави пушка и сфативме дека мораме брзо да дејствуваме. Успеав да му го тргнам оружјето, да го фрлам по скалите и да го соборам на подот, додека другите го држеа додека не дојде полицијата", рекол патникот.

По пристигнувањето на аеродромот, полицијата го привела осомничениот и кај него пронашла сачмарка и муниција. Инспекторите се уште утврдуваат дали оружјето било легално регистрирано и како тинејџерот успеал да помине низ обезбедувањето на аеродромот. Неговото возило е пронајдено и е дел од истрагата, додека полицијата се консултира со антитерористичките единици. Младиот човек претходно ѝ бил непознат на полицијата, а допрва ќе биде поднесена пријава против него.

По инцидентот, сите патници се евакуирани, а аеродромот Авалон е привремено затворен додека се вршат безбедносни проверки. Jetstar, единствената авиокомпанија што врши комерцијални летови од аеродромот, рече дека тесно соработува со полицијата и аеродромските власти за да го истражат инцидентот.

Аеродромските власти нагласија дека нивниот примарен фокус е безбедноста на патниците и персоналот, додека од авиокомпанијата потврдија дека нема повредени во инцидентот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата