Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за човекови права изјави во Женева дека од 27 мај, кога почнале операциите на ГХФ, до 7 јули се регистрирани 798 загинати лица, од кои 615 на локациите на оваа хуманитарна фондација.
ГХФ, чија цел е да ги заобиколи ОН, дистрибуира помош на четири локации опкружени со израелски трупи.
ОН и хуманитарните групи го отфрлија системот на ГХФ, наведувајќи дека тој му овозможува на Израел да ја користи храната како оружје, ги крши хуманитарните принципи и не е ефикасен. Израел тврди дека Хамас ја злоупотребувал помошта што ја доставувале ОН, што ОН го негираат.