ОН: Точно 93 тела ексхумирани од две масовни гробници во Либија

19.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОН: Точно 93 тела ексхумирани од две масовни гробници во Либија

- Алармантното и трагично откривање на масовни гробници по полициските операции на местата за трговија со луѓе ја нагласува сериозната опасност со која се соочуваат мигрантите во Либија, рече подсекретарката на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло, на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Според неа, на 7 февруари била откриена масовна гробница на фарма во Џакара во североисточна Либија, а следниот ден била откриена уште една масовна гробница во Куфра на југоисток.

- До денес, 93 тела се ексхумирани во Џакара и Куфра, рече таа, осудувајќи го „суровиот и нехуман третман“ на мигрантите.

Пред десет дена, либиското државно обвинителство соопшти дека во масовна гробница откриена во регионот Куфра, на локација на мрежа за трговија со луѓе каде што биле „заробени“ 76 мигранти, биле пронајдени 28 тела на мигранти од субсахарска Африка.

Истрагата откри постоење на „банда чии членови киднапирале нелегални мигранти, ги мачеле и ги подложувале на сурово, понижувачко и нехумано постапување“, соопшти обвинителството.

Меѓународната организација за миграција тогаш спомена и втора масовна гробница во Џакара во која беа пронајдени 19 тела и изјави дека таа во Куфра може да содржи до 70 посмртни останки.

Од смртта на Моамер Гадафи во 2011 година, со Либија управуваат две ривалски влади – признатата од ОН Влада на национална согласност (ГНА) на Абделхамид Дбеиба на запад од Либија, а другата на исток, поддржана од маршалот Халифа Хафтар. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата