– Но, содржи имплицитна гаранција дека ако САД силно инвестираат во економската иднина на Украина, тоа е економска безбедносна гаранција, рече Бесент за американските медиуми.
Според него, договорот е дел од долгорочната стратегија на претседателот Доналд Трамп за постигнување мир меѓу Украина и Русија. Се однесува на стратешки минерали, енергетика и државни компании, а може да биде потпишан уште следната недела.
Москва не го одобрува ваквиот договор, што според Бесент, е уште еден поттик за Киев да го прифати. Тој додаде дека е разочаран што украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не го потпишал документот.
Договорот предвидува приходите од природните ресурси, инфраструктурата и другите средства на украинската влада да се вложуваат во фонд за долгорочна реконструкција и развој на земјата, при што САД ќе имаат збор во економските и административните прашања.
Трамп викендов изјави дека очекува договорот наскоро да биде постигнат. /МИА