НАТО се согласи за цел од 5% проценти за трошоци за одбрана пред самитот во Хаг

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО се согласи за цел од 5% проценти за трошоци за одбрана пред самитот во Хаг

Сепак, уште пред официјално, на самиот самит, да ветат и да се обврзат да одвојуваат 5 % од БДП како што побара американскиот претседател, Шпанија се иззема од планот. Нарекувајќи го предлогот неразумен и контрапродуктивен шпанскиот премиер Педро Санчес смета дека потребна е пофлексибилна формула, со која зголемувањето на трошоците би се направило опционално. Кажувајќи дека Шпанија засебно се договорила со НАТО, Санчез децидно посочи дека легитимна е желбата на другите земји да ги зголемат своите инвестиции во одбраната, но тие тоа нема да го направат.

-Ние одлучивме да одвојуваме 2% за безбедноста на Шпанија, Европа и НАТО, воедно продолжувајќи да инвестираме во останатото, како социјалната политика, дипломатијата, политика за развој, глобална трговска размена и добросостојба на државата.- Педро Санчез – премиер на Шпанија

Планирано е НАТО членките со 3,5 % да партиципираат за одбраната, а 1,5 отсто да одвојуваат за поврзани ставки како што се сајбер безбедност и адаптирање на патишта и мостови за воени возила.

Додека офијалниот договор за процентите треба да падне во Хаг, останува отворено прашањето дали македонската економија може да издржи одвојување на 5% од БДП и дали можеби ќе има опции да одвојува помалку. Македонија сега годишно троши околу 330 милиони евра што е 2% од БДП на земјава кој за 2024 година ќе биде околу 16 милијради евра, а доколку ова стане обврска, тоа би значеле дополнителни над 400 милиони евра, или вкупно речиси 800 милиони евра.

Бруто домашен производ

2024 година - 16 милијради евра

2 % од БДП за НАТО = 330 милиони евра

5 % од БДП за НАТО = 800 милиони евра

 разлика над 400 милиони евра

Во меѓувреме, привршуваат финалните подготовки за утрешниот самитот во Хаг, град кој важи за центар за мирот и правдата, деновиве навидум се претвори во „воена тврдина“ поради безбедносните протоколи. Низ улиците има и демонстрации против војната помеѓу Израел и Иран, прашање кое се очекува да биде помеѓу доминантните теми на глобалниот собир. Македонската делегација ќе ја предводи Претседателката Гордана Силјановска Дафкова.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата