Советот за соработка во Заливот: Не откривме абнормални нивоа на радиоактивност во регионот

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советот  за соработка во Заливот: Не откривме абнормални нивоа на радиоактивност во регионот

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) предупреди на опасностите од бомбардирање на вакви локации, но досега не открила необични нивоа на зрачење.

Како што пишува „Скај њуз“, сега и Генералниот секретаријат на Советот за соработка во Персискиот Залив дошол до сличен заклучок, според неговиот центар за управување со вонредни состојби.

Се наведува дека од почетокот на израелските напади врз Иран на 13 јуни, не се регистрирани абнормални нивоа на радиоактивност во ниту една од земјите-членки.

Советот објави дека индикаторите за животната средина и зрачењето остануваат во рамките на безбедните и технички дозволените граници.

Тие додадоа дека ќе продолжат да ги следат нивоата на зрачење. Советот има шест члена - Бахреин, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата