Најмалку шест лица загинаа во нов руски напад врз Киев

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку шест лица загинаа во нов руски напад врз Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на Телеграм дека жртвите се станари на станбена зграда.

Низ главниот украински град има 19 повредени лица, а осум во моментов се на болничко лекување, додаде Кличко, истакнувајќи дека спасувачките напори се во тек, пренесува германската агенција.

Министерот за внатрешни работи, Игор Клименко, изјави на Телеграм дека во нападот биле употребени ракети и беспилотни летала.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата