Најмалку еден загинат во страшното невреме што пустоши низ Италија (ВИДЕО)

20.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку еден загинат во страшното невреме што пустоши низ Италија (ВИДЕО)

Четириесетгодишен маж загинал откако неговиот автомобил вчера бил однесен од надојдената река Криза во градот Леонфорте, а неговото тело било пронајдено денеска, објави новинската агенција Анса. Спасувачките служби спасиле две лица од надојдената река.

Во меѓувреме, невремето се влошило во северна Италија, при што јавните паркови во Милано се затворени поради обилните дождови.

Во Милано, голема гранка што се скршила од дрво во паркот Семпионе во Милано удри во комбе со словенечки регистарски таблички, но возачот и двајца патници не се повредени. Во Бергамо, парковите и јавните градини се исто така затворени поради бурата.

Нивото на реката Ламбро се следи континуирано, а портокалово временско предупредување е издадено за регионите Емилија Ромања, Лигурија и Ломбардија, додека жолто предупредување е на сила за Пиемонт, Венето, Тоскана, како и делови од регионите Фриули Венеција Џулија и Марке, соопшти агенцијата.

Крајбрежните области околу Пиза денес претрпеа штети од поплавите, додека делови од Арецо исто така се поплавени, што предизвика прекини во сообраќајот.

Во јужна Италија, бура е регистрирана и во Сардинија, која предизвика две сообраќајни несреќи во кои неколку лица беа повредени и хоспитализирани. Град падна во некои области на Сардинија, а штетите предизвикани од бурата се проценуваат и во областа на Каљари, особено на фармите, лозјата и маслиновите насади.

Во меѓувреме, високи температури сè уште се регистрираат во централна и делови од јужна Италија. Како што изјави метеорологот Лоренцо Тедичи, во наредните денови температурите ќе паднат за околу 10 степени Целзиусови во поголемиот дел од земјата, особено на север, така што живата во термометарот ќе падне од 40 на 25 степени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата