Најмалку 14 жртви во сообраќајна несреќа во Пакистан

22. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најмалку 14 жртви во сообраќајна несреќа во Пакистан

Меѓу загинатите има работници и нивни семејства, седум мажи, три жени и четири деца.

Уште 20 лица се повредени во несреќата што се случила во областа Џамшоро во провинцијата Синд во Пакистан доцна во понеделникот, изјави локалниот полицаец Абдул Азиз Косо.

- Првичните наоди сугерираат дека несреќата се случила поради откажување на кочниците, рече Косо, пренесе ДПА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата