Претседателот го гаѓаат со чевли за време на јавен настап во Кенија (ВИДЕО)

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претседателот го гаѓаат со чевли за време на јавен настап во Кенија (ВИДЕО)

„Рековме дека ја намалуваме цената на ѓубривото, точно или погрешно?“ изјави претседателот Руто на митинг во округот Мигори на западот од земјата, додека со раката одбива фрлен чевел, кревајќи мал облак од прашина, пренесе Би-Би-Си.

Министерот за внатрешни работи на Кенија, Кипчумба Муркомен, изјави дека полицијата уапсила три лица, објави весникот „Стар“.

Руто беше принуден да се откаже од зголемувањето на даноците и да ги покани членовите на опозицијата во владата, но незадоволството во источноафриканската земја останува големо, соопшти агенцијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата