Џамијата наводно се наоѓала во градот Мандалеј, во центарот на Мјанмар. Според извештајот, џамијата се урнала за време на молитва.
Новинската агенција, исто така, јавила дека се урнал и манастир во кој имало раселени лица во јужниот град Таунгу. Според очевидци, пет лица загинале, меѓу кои и деца, а неколку луѓе се уште се заробени под урнатините, има и многу повредени.
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар. Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри. Силни потреси биле почувствувани стотици километри подалеку во Тајланд и југозападна Кина.
Мјанмар спроведува итна крводарителна акција поради големиот број повредени во земјотресот.
Властите на Мјанмар oбјавија итна крводарителска акција поради големиот број повредени во земјотресот што денеска ја погоди земјата.
Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди регионите Сагаинг, Мандалај, Магвеј, како и североисточните држави Шан, Најпидау и Баго.
Во соопштението на Државниот административен совет на Мјанмар се наведува дека бројот на жртви и повредени е голем.
Поради итната потреба од крв, властите ги повикаа дарителите веднаш да контактираат со болниците и да даруваат крв.
Медиумите објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина. Од Руската амбасада во Мјанмар изјавија дека не добиле извештаи за руски жртви.