Молња усмрти тројца планинари во Австрија

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Молња усмрти тројца планинари во Австрија

Жртвите се брачен пар на возраст од 60 години и братот на жената, стар 62 години, соопшти денеска локалната полиција.

Групата била принудена да се врати поради ненадејна промена на временските услови. Кога не се вратиле во долината, загрижените роднини ги алармирале спасувачките служби.

Екипа со хеликоптер ги пронашла телата во близина на обележана патека на надморска височина од околу 2.300 метри. Обдукцијата потврдила дека сите тројца починале од удар на молња. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата