Воен авион на јужнокорејските воздухопловни сили случајно фрлил осум бомби, повредени цивили

6.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Воен авион на јужнокорејските воздухопловни сили случајно фрлил осум бомби, повредени цивили

-Осум бомби за општа намена МК-82 беа случајно ослободени од авион КФ-16 на воздухопловните сили, слетувајќи надвор од назначениот опсег за стрелање, соопшти Военото воздухопловство.

Инцидентот се случил во Почеон, околу 25 километри јужно од силно утврдената граница со нуклеарно вооружениот Север.

-Длабоко жалиме за ненамерното ослободување на бомбите, што резултираше со цивилни жртви, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, се вели во соопштението на воздухопловните сили.

Тие соопштија дека формирале комитет за одговор на несреќи за да го истражи инцидентот и посочија дека „ќе ги преземат сите неопходни мерки, вклучително и компензација за штетите“.

Воздухопловните сили соопштија дека воениот авион „учествувал во заедничка вежба во која учествуваат и воздухопловните сили и армијата“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата