Мерц: Иран не смее да има нуклеарно оружје

15.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мерц: Иран не смее да има нуклеарно оружје

- На Иран не смее да му се дозволи да развива нуклеарно оружје или да го има. Напредокот на Иран на патот кон нуклеарно оружје го наведе Израел да нападне воени цели во земјата во петокот, рече Мерц.

Тој најави дека ова прашање ќе биде на врвот на агендата на самитот на Г7.

Мерц смета дека дипломатските обиди не успеале да го натераат Иран да се откаже од својата воена нуклеарна програма. Според него, „Израел има право да го брани своето постоење и безбедноста на своите граѓани“.

Тој сепак предупреди дека не треба да се дозволи ширење на конфликтот.

- Техеран мора веднаш да престане со бомбардирањето на цивилни цели во Израел, а другите држави во регионот не треба да станат дел од конфликот. Мора повторно да се отвори простор за дипломатија, рече Мерц.

Тој додаде дека е загрижен и поради можноста Евреите во Германија да станат цел на ирански екстремисти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата