Целта на операцијата е да спроведува активности за следење, надзор и прибирање информации за недозволени активности од Либија, вклучително и за илегалната трговијата со оружје и сродни материјали, незаконскиот извоз на нафта и шверцот на луѓе.
Со одлуката, за функционирање на „Ирини“ во следните две години се предвидени 16,25 милиони евра.
Мисијата „Ирини“, што на грчки значи „мир“, беше воспоставена на 31 март 2020 година како конкретен придонес од страна на ЕУ во напорите на меѓународната заедница за поддршка на обновата на мирот и стабилноста во Либија.
Основната задача на операцијата е да го контролира спроведување на ембаргото на ОН за извоз на оружје во Либија. За таа цел, припадниците на европските безбедносни сили вклучени во операцијата имаат мандат да врши инспекции на бродови на отворено море во близина на либискиот брег, за кои постои сомнеж дека превезуваат оружје или сроден материјал од и до Либија.
Дополнителни, „Ирини“ има мисија да го контролира незаконскиот извоз на нафта и нафтени деривати од Либија, да придонесе за разбивање на мрежите за шверц и трговија со луѓе и да помогне во градењето капацитети и обука на либиската крајбрежна стража и воена морнарица.
Командата на операцијата „Ирини“ се наоѓа во Рим и со неа раководи италијанскиот контраадмирал Валентино Риналди.