Шефот на француската држава, кој веќе телефонски разговараше со Зеленски и со американскиот претседател Доналд Трамп, ја потврди решеноста на Франција да работи со сите заинтересирани страни за да постигне стабилен и траен мир во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека му наредил на својот министер за одбрана и други официјални лица да обезбедат точна информација за воените испораки, откако САД објавија дека ја прекинуваат помошта за Киев.
„Им наредив на министерот за одбрана на Украина, шефот на разузнавањето и дипломатите да контактираат со своите колеги во САД и да добијат официјална информација“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање./МИА