Канада попушти, продолжуваат трговските преговори со САД

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канада попушти, продолжуваат трговските преговори со САД

Канада ќе го укине данокот на дигитални услуги, н за интернет компаниите, во обид да ги обнови трговските разговори со САД, откако во петокот американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа трговските разговори меѓу двете земји и оцени дека тој данок е директен и очигледен напад врз САД.

Синоќа канадската влада соопшти дека го укинува данокот за да им помогне на земјите да се вратат на преговарачката маса.

Премиерот Карни и претседателот Трамп се согласија дека страните ќе продолжат со преговорите со цел да постигнат договор до 21 јули 2025 година“, се наведува во соопштението на канадската влада.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата