За еден ден во Појасот Газа убиени се 71 човек

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За еден ден во Појасот Газа убиени се 71 човек

Според вработените во болницата Шифа, најмалку 21 човек загинале при израелскиот напад врз плажата, а помеѓу жртвите се и неколку малолетници и жени, како и еден новинар.

Палестинската исламистичка милитантна група Хамас, која ја контролира Појасот Газа соопшти дека нападот бил насочен кон камп за раселени лица на плажата, додека палестинската новинска агенција ВАФА (WAFA) објави дека е погодена зона за одмор на плажата.

Израелската армија соопшти дека ќе ги истражи наводите за нападите, истакнувајќи оти цели на нападите се Хамас и други терористички организации во Појасот Газа, при што се преземаат мерки за заштита на цивилите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата