Јужна Кореја во потрага по алтернативни рути за нафта по блокадата на Ормускиот теснец

6.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јужна Кореја во потрага по алтернативни рути за нафта по блокадата на Ормускиот теснец

Јужнокорејските медуми објавуваат дека Сеул планира да испрати специјални претставници во некои држави како Саудиска Арабија, Оман, Алжир. Покрај тоа, пет јужнокорејски танкери ќе бидат пренасочени кон пристаништето Јанбу во Црвеното Море, како обид да се обезбедат алтернативни транспортни рути. Саудиска Арабија сирова нафта за извоз може да доставува и преку нафтоводи од Персискиот Залив до Јанбу.

Пред конфликтот со Иран, Јужна Кореја приближно две третини од увозот на сирова нафта го обезбедуваше преку Ормускиот теснец. Таа поморска рута клучна за светската трговија со нафта и гас, е речиси целосно затворена од 28 февруари, откако САД и Израел ги започнаа нападите врз Иран.

Јужнокорејското, претежно извозно ориентирано стопанство, е силно зависно од увоз на енергенси и особено ранливо на тековните прекини во снабдувањето енергија. Владата во Сеул кон средината на минатиот месец ослободи дел од стратешките резерви нафта за да го ублажи повремениот недостиг на деривати во земјата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата