Шпанските граѓани веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп претставува најголема закана за светскиот мир, поголема дури и од рускиот претседател Владимир Путин или израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, покажува најновата анкета објавена денеска од весниците „Паис“ и „Кадена СЕР“, спроведена од агенцијата 40db.
Дури 63 проценти од испитаниците го сметаат Трамп за најголема закана, 52 проценти мислат така за Путин, а 46 проценти за Нетанјаху, додека новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи со 33 проценти од гласовите, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун со 32 проценти од гласовите и кинескиот претседател Шји Џјинпинг со 20 проценти од гласовите исто така се најадоа на листата.
Претседателката на Европската комисија, исто така, е на листата со девет проценти од гласовите.
Според извештаите, иако левичарските гласачи имаат најнегативно мислење за Трамп, дури и оние кои ја поддржуваат Народната партија (ПП) не се особено наклонети кон него. Претходните студии го потврдија огромното противење на народот на почетокот на војната, а сега, пет недели по почетокот на конфликтот, поддршката за продолжување на офанзивата за соборување на режимот на ајатолахот не се зголеми - 56 проценти ја отфрлаат.
Истражувањето, исто така, покажа дека меѓународните вести станаа клучен дел од консумирањето вести кај Шпанците - двајца од тројца испитаници наведуваат дека ги следат, но постои и голема разлика во возраста и полот на луѓето што ги следат - постои разлика од речиси 20 проценти помеѓу најстарите и најмладите групи, и слична поделба помеѓу мажите и жените, при што мажите обрнуваат многу поголемо внимание на светските настани.
Анкетата е спроведена на почетокот на април на 2.000 испитаници. /МИА.

