„Со спречувањето на храната да влезе во Газа, Израел продолжува да го користи гладот како оружје“, наведе официјална Преторија.
Јужна Африка „остро го осудува одбивањето на Израел да дозволи хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа“, додека 2,4 милиони жители на енклавата имаат итна потреба од храна, засолниште и медицински материјали.
Поради блокадата на преговорите за продолжување на договорот за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, владата на Бенјамин Нетанјаху од неделата го спречува влезот на хуманитарна помош за населението.
Јужна Африка поднесе тужба за сторен геноцид против Израел пред Меѓународниот суд на правдата. /МИА